Aston Martin DBS Ultimate Edition за збогум – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin DBS Ultimate Edition за збогум

Пред доаѓањето на новата генерација, ќе пристигне посебна верзија на актуелниот Aston Martin DBS.

Aston Martin објави дека ја спремаат следната генерација на DBS за лансирање на пазарот во 2013. Но пред тоа, Британскиот бренд ќе се опрости од актуелниот модел со посебна серија.

Според податоци од извори блиски на брендот, таа ќе носи име Ultimate Edition и ќе биде многу слична на Carbon Black серијата која Aston Martin ја претстави минатата година. Ова значи дека треба да очекуваме благо изменета надворешност, заедно со подобрени перформанси, како што се модифицирана суспензија и лесни компоненти од јаглеродни влакна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.