full screen background image
Search

Mercedes-Benz C63 AMG Coupé Black Series е новото DTM безбедносно возило

Најсилната C-класа на сите времиња, новиот C63 AMG Coupe Black Series Edition, ќе ја превземе улогата на 2012 DTM безбедносно возило.

Германскиот Touring Car Masters (DTM) ќе започне викендов, на 29ти Април на Hockenheimring.

Mercedes-Benz го снабдува шампионатот со сигурносни возила од 2000, менувајќи се со Audi од трка во трка, а од годинава и со BMW. Безбедносното возило го користи истиот 6.3-литарски V8 мотор со 510 КС, кој овозможува забрзување од 0-100 за 4.2 секунди и ограничена максимална брзина од 300 км/ч.

Единствената механичка надоградба од производниот C63 AMG Coupe Black Series се однесува на модифицираниот издувен систем, давајќи му јасно изразен V8 звук. Ова е направено за да им пружи дополнително задоволство на гледачите на патеката, но и на оние пред TV екраните.

Mercedes го опреми автомобилот со опционалниот AMG Track пакет кој додава активно ладење на задната оска и 19-инчни алуминиумски бандажи обложени со Dunlop Sport Max Race спортски гуми во големина од 255/35 R19 напред и 285/30 R19 назад, и AMG екстериерен пакет од јаглеродни влакна.

Однадвор, може да се забележат и трепкачки LED светла фиксирани на покривот.

Во внатрешноста, сигурносното возило има пар AMG тркачки седишта, радио систем и TV монитор монтиран на цантралната конзола и копчиња кои ги контролираат надворешните сигурносни светла.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.