Познати цените за Volkswagen Up во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Познати цените за Volkswagen Up во Македонија!

Импортерот на Volkswagen, Audi и Skoda за Македонија ги објави и официјалните цени за малиот VW Up со три врати – и тие почнуваат од 8700 евра!

Веќе многу пишувавме за Volkswagen up!, кој се докажува себеси како со награди, така и на безбедносните проверки. Volkswagen up! веќе е донесен во Македонија, а сега ги знаеме и цените!

Volkswagen Up! со првото ниво на опрема – кое е наречено take up! – со три врати и 1-литарски мотор со 60 коњски сили ќе се продава по цена од 8.700 евра. Следното ниво на опрема наречено move up! чини 9160 евра со истиот 60-коњски мотор или 9.740 евра со 75-коњскиот мотор. Највисокото ниво на опрема се вика high up! и се нуди само со 75-коњскиот мотор и чини 10.573 евра.

Интересно кај моделот Up! е што како и кај другите модерни мали возила постојат навистина многу опции за персонализација на автомобилот, па можете да си го порачате баш како што сакате. Изгледа дека урбаните мали возила добија уште еден, навистина силен конкурент! Доколку ве интересира нешто повеќе за up!, можете да добиете повеќе информации на веб-страницата на Volkswagen Македонија.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.