MINI Baker Street & Mini Bayswater – Во чест на Олимписките игри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MINI Baker Street & Mini Bayswater – Во чест на Олимписките игри!

Во чест на Олимписките игри кои годинава ќе се одржуваат во Лондон, MINI најави две специјални едиции од нивните Cooper и Cooper S модели!

MINI Bayswater Edition е наречен така по една област во Лондон, и ќе се нуди Како Cooper, Cooper S, Cooper D или Cooper SD. Ќе се нуди во специфичната сина боја и со уникатните 17-инчни тркала. Како и секогаш кај Mini, тука се и уникатните естетски додатоци – како црниот покрив, тркачките налепници и останатите ситни детали. Во внатрешноста има седишта кои се делумно оболожени со кожа, педалите од нерѓосувачки челик, и уште некои ситници

MINI Baker Street ќе може да се нарача како One, One D, Cooper и Cooper D. За разлика од Bayswater изведбата, тука се достапни 16-инчни тркала, како и уникатни естетски додатоци кои се достапни само кај овој модел. Интересна е шарата на седиштата во внатрешноста како и специјалните линии на поклопецот на моторот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.