Модерна верзија на Alfa Romeo Giulia GTA! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Модерна верзија на Alfa Romeo Giulia GTA!

Францускиот дизајнер Vincent Montreuil кој е еден од следбениците на марката, замислил како би можела модерната Giulia GTA да изгледа. Нам ни изгледа одлично!

Иако знаеме дека името Giulia е резервирано за заменикот на 159, тоа не го спречило Vincent да замисли како едно мало спортско купе со класична поставеност (моторот напред, заден погон) би можело да изгледа. Бидејќи самиот одлучувал и за перформансите, тој на својот концепт замислил да му даде само 800 килограми тежина и мотор со моќност од 200 коњски сили – совршени бројки за мало спортско возило на заден погон!

Ние и понатаму ќе ја следиме работата на Vincent, бидејќи тој има и други интересни концепти, а истото ви го препорачуваме и на вас!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.