full screen background image
Search

PureTech моторите на PSA по четврт пат ја освојуваат титулата Мотор на Годината

Турбо-бензинскиот PureTech со 110 и 130 коњски сили по четврти пат ја освои титулата Мотор на Годината во категорија од 1 до 1.4 литри.

Новата генерација PureTech мотори доаѓаат со подобрени перформанси и зголемена ефикасност, но истовремено нудат намалена потрошувачка. Овие мотори гарантираат:

  • Намалување на потрошувачка во просек за 4% во споредба со претходната генерација на мотори;
  • Намалување од 75% на емисија на честички благодарение на FAP филтерот и почитување на стандардите RDE предвидени да стапат на сила од 2020 година;
  • Се адаптира на новата платформа CMP за урбани возила, лимузини и компактни SUV.

Овие бензински мотори од нова генерација за прв пат се вградени во 2017 година и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 држави. Овие мотори ги почитуваат европските регулативи Euro 6.

Алан Рапозо, Директор на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата PSA, изјави: „Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање. Денес, овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор PureTech, е светски позната и призната“

Во моментов трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел и во кинеската Ксианд Јанг.

Извор: PR Peugeot

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.