full screen background image
Search

РКЕ: Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ поскапува 95-октанскиот бензин, а поевтинува дизелот!


Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.21%.

Од вечерва на полноќ за половина денар ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР-95, и еден литар од ова гориво ќе чини  68 денари. Непроменета останува цената на ЕУРОСУПЕР-98, и еден литар од ова гориво ќе продолжи да се продава за 69.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 59.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Андреја е Алфа и Омега кога станува збор за CARclub. Опседнат со автомобилите, кога не зборува за нив, сонува за денот кога ќе вози кабриолет по Француската ривиера.