Најава за изложба на олдтајмери во Кавадарци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најава за изложба на олдтајмери во Кавадарци!

Оваа сабота во Кавадарци ќе се одржи изложба на олдтајмери, на која ќе земат учество преку 50 класични автомобили и моторцикли!

Организаторите велат дека имаат цел да ги потсетат постарите како некогаш изгледале нашите улици, а помладите да ги запознаат со мал дел од автомобилската историја на овие простори. Сакаат да разбудат спомени од првото седнување зад воланот, да ги потсетат сите на првото семејно возило и семејните патувања и учесниците да споделат по некоја анегдота од минатото. За таа цел ги покануваат сите на втората по ред годишна Изложба на олдтајмери – „Тиквешки Гроздобер Кавадарци 2013“ која ќе се одржи на улица Илинденска во центарот на Кавадарци на 14.09.2013.

Учеството е бесплатно, а се што треба е да се пријавите на 070 239 423 или kavadarci2013@gmail.com и притоа да оставите Ваши лични податоци и податоци за Вашиот олдтајмер. Покровители на настанот се Општина Кавадарци и Кожувчанка и Синалко – Кавадарци.

oldtajmeri-kavadarci-poster



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.