Mercedes Concept S-Class Coupe – Фото и видео! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes Concept S-Class Coupe – Фото и видео!

Mercedes-Benz официјално го претстави концептот врз кој ќе биде базиран новото мега-купе – кое ќе се вика едноставно – Mercedes-Benz S-Class Coupe!

Дизајнот на концептот покажува дека е тесно поврзан до големиот седан на кој е базиран, односно на луксузната S-Class. Долг 5050 милиметри, широк 1958 милиметри и висок само 1409 милиметри, S-Class Coupe е моќна и доминантна појава. Профилот кој делува поизмазнет и поелегантен од седанот може да благодари за тоа на одличните пропорции, односно ниската карактерна линија и долгиот поклопец на моторот. На задниот дел доминираат долгите и тенки хоризонтални светлосни структури, кои малку потсетуваат на моќниот SLS.

Во внатрешноста, централната конзола има сличен распоред како онаа во S-Class и го има истиот 12.3-инчен LCD екрај како кај седанот. Доминираат меки линии и егзотични материјали.

Концептот е придвижуван од 4.6-литарски би-турбо V8 мотор кој испорачува 455 коњси сили и 700 Nm вртежен момент. Секако, кај концептот се нуди и висока технологија, како што е Intelligent Drive системој кој користи две камери за да добие тродимензионална слика од простор до 50 метри пред автомобилот, и може да препознае движење на објекти во тој простор. Исто така, системот ја надгледува околината пред автомобилот (до 500 метри) и ги комбинира овие податоци со радарот, како и ултразвучните сензори!  На врвот се наоѓа и MagicBody Control системот кој ги користи стерео камерите за да го надгледува надоаѓачкиот пат, и соодветно да ја прилагоди суспензијата на автомобилот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.