ПРЕМИЕРА: Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP е плаг-ин хибриден SUV со малку магија од Alpine – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP е плаг-ин хибриден SUV со малку магија од Alpine

1.2-литарскиот турбо-бензинец со три цилиндри соработува со батерија со капацитет од 22 kWh и заден електромотор за вкупно 300 коњски сили, но и автономија на струја до 100 километри.

Додека Alpine работи на сопствениот спортски електричен кросовер, не значи дека не може да сподели дел од својата експертиза и со матичниот бренд. Резултат на соработката е Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP. Ајде да си ја олесниме работата и да го скратиме ова име и се задржиме на Rafale 4×4 300.

Досегашната изведба на хибридниот Rafale комбинираше 1.2-литарски турбо-бензинец со стартер-генератор и електромотор вграден во менувачот – за вкупно 200 коњски сили. Сега, со трет електромотор поставен на задната оска, знаменосецот на Renault добива погон на сите четири тркала и вкупно 300 коњски сили. Од Renault кажуваат дека спринтот до 100 километри на час трае 6.4 секунди, но и дека благодарение на батеријата со капацитет од 22 kWh, автономијата на струја достигнува одлични 100 километри, додека севкупната автономија е рамно 1000 километри.

На купувачите ќе им бидат достапни две нивоа на опрема. Првото ниво се вика Esprit Alpine и добива еден куп Alpine-брендирани додатоци, но и големи 20-инчни тркала, итн. Скалило повисоко е Atelier Alpine верзијата која добива специјална сатен-сина Summit Blue боја, 21-инчни тркала, но и адаптивна суспензија која користи камера за да го снима патот пред автомобилот и да ги прилагоди амортизерите.

Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP ќе биде достапен од оваа есен.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.