BMW, Audi и Mercedes најмногу мамат за потрошувачката на гориво, Toyota најточни! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW, Audi и Mercedes најмногу мамат за потрошувачката на гориво, Toyota најточни!

Според истражувањето на Меѓународниот Одбор за Чист Транспорт (ICCT), производителите во просек пријавуваат 25% подобри резултати од реалните, a разликата помеѓу декларираните и реалните резултати сега е за 10% поголема од што била пред десет години.

Доколку не сте слушнале за ICCT, тие се независна непрофитабилна организација основана да обезбеди првокласнo и непристрасно истражување, како и техничка и научна анализа на еколошките регулатори, чија цел е да ги подобрат еколошките перформанси и енергетската ефикасност на сите видови на транспортни решенија.

2013-audi-s6-2012-mercedes-benz-e63-amg-and-2013-bmw-m5-photo-457601-s-1280x782

Извештајот базиран на резултатите од повеќе од пола милион приватни и службени автомобили покажал дека возилата на BMW забележуваат најголема разлика од дури 30% помеѓу декларираните и постигнатите резултати. Веднаш зад Баварците се наоѓа Audi со 28% разлика, додека на третото место се нашол Mercedes со 26%.

Најверодостојни податоци за потрошувачката прикажале Јапонските производители, така што автомобилите на Toyota одстапуваат за 15%, а за пофалба се и Французите, бидејќи Renault, Peugeot и Citroen имаат одстапување од само 16%.

b_011-1024x542

Објаснувањето за овие резултати е многу комплицирано, но извештајот сугестира дека причината се технологиите кои работат многу добро во лабораториските тестови, но не толку ефикасно на патиштата. Исто така заобиколувањето на правилата со покривањето на отворите на каросеријата за подобра аеродинамика, како и многу други дополнителни фактори имаат улога во целата приказна.

Ситуацијата во Европа би можела да се промени доколку Европскиот Парламент присвои нови попрецизни процедури за тестирање. Овој потег се планира за 2017, но можат да бидат додадени уште три години доколку неколку држави-членки на Европската Унија реагираат во однос на ова прашање. Можеби ова конечно ќе резултира со попрецизни бројки, бидејќи помалата потрошувачка продава автомобили, и е многу погрешно да се зголемува имиџот на некое возило со користење на бројки кои се потешко остварливи во реални услови – сепак, стилот на возење е факторот со најголемо влијание на потрошувачката.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.