ПРЕМИЕРА: Новата Opel Frontera доаѓа со електричен и хибриден погон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новата Opel Frontera доаѓа со електричен и хибриден погон!

Opel неодамна ги објави првите детали за Frontera, но денес на официјалната премиера откри дека ќе доаѓа во конфигурација со 5 или 7 седишта и ќе може да се добие со електричен или хибриден погон.

Opel пред неколку седмици веќе ни ги покажа првите фотографии од новата Frontera, но денес ги имаме сите детали.

Новата Opel Frontera доаѓа со интересна гама на погонски опции. Хибридната изведба ќе се нуди во две конфигурации, обете придвижувани од 1.2-литарски турбо-бензинец кој соработува со лајт-хибридна компонента. Во зависност од конфигурацијата, бензинецот ќе испорачува 100 или 136 коњски сили, а од електромоторот ќе добие уште дополнителни 28 коњски сили. Електромоторот е интегриран во шест-брзинскиот автоматски менувач со двојна спојка, а силата се пренесува кон предните тркала.

Од друга страна, Opel не ги објави деталите околу електричната Frontera Electric, но можеме да претпоставиме дека во понудата ќе се најдат 156-коњскиот електромотор во комбинација со батерија со капацитет од 54 kWh, како и верзијата со 113 коњски сили и помала батерија со капацитет од 44 kWh која дебитираше кај новиот Citroen C3.

Инаку, Opel објави дека Frontera ќе може да се добие во две конфигурации – стандарната Frontera и повисоко-опремента Frontera GS. Обете верзии ќе можат да добијат дополнителни пакети на опрема. Интересно, Opel објави дека Frontera ќе може да се добие во конфигурација со 5 или 7 седишта. Верзијата со 5 седишта има багажник со капацитет од над 450 литри, односно дури 1600 литри со преклопена задна клупа. Кабината е целосно-дигитализирана, а од Opel најавуваат и грст практични детали и додатоци наменети за семејните корисници.

Поврзано:  ТЕСТ: Opel Astra 1.2 Turbo 110 MT6 Edition - Кога основната верзија и не е толку основна.

Веќе имаме информации дека новата Frontera ќе пристигне во Македонија по крајот на летниот период.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.