Први официјални фотографии од новиот Jeep Cherokee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новиот Jeep Cherokee

Jeep ги објавија официјалните фотографии од претстојниот Cherokee кој ќе дебитира на автомобилскиот саем во Њу Јорк.

Новиот Cherokee се одликува со невообичаен дизајн во предниот дел, најмногу поради новите светла, а исто така ова е првиот модел на Jeep кој има закосена решетка. Изгледот го заокружуваат обликуваната хауба, пластичните додатоци во долниот дел и деталите од хром.

Jeep не објави информации за погонските единици со кои ќе се нуди новиот Cherokee, но се шпекулира дека под неговиот поклопец ќе се најдат 2.4-литарски четири-цилиндарски и 3.2-литарски V6 бензинци, како и 2.0-литарски и 3.0-литарски дизел агрегати. Според Американскиот бренд, новиот модел ќе нуди најдобра теренска способност во класата и одлична автономија на возење.

Претстојниот Jeep Cherokee ќе се произведува во Толедо, Охајо, а неговата продажба ќе започне при крајот на 2013.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.