Претставен Nissan Extrem на Sao Paulo Auto Show – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Nissan Extrem на Sao Paulo Auto Show

Претставен е претходно најавениот концепт на Nissan, урбаниот рели автомобил Nissan Extrem, на 27-мото издание на автомобилскиот саем во Сао Пауло.

Концептот сугерира дека егзотичниот и возбудлив дизајн не треба да биде резервиран само за скапите автомобили. Покажува дека иновативниот, софистициран дизајн може да биде лесно достапен.

Extrem е првиот концептен автомобил од Nissan дизајниран за и произведуван во Бразил. Тој е базиран на Nissan-овата V-платформа над која е поставен моделот Micra и доаѓа со 2+2 распоред на седење. Со должина од 3,850 mm, ширина од 1,765 mm, височина од 1,530 mm и меѓуоскино растојание од 2,450 mm, Extrem е значително помал од Juke.

Неговиот дизајн ги има усогласено најспортските елементи од GT-R и 370z. Може да се забележи дека изгледот на предниот браник со неговата решетка, како и страничните крила со отворите за воздух се позајмени од GT-R, додека предните светлосни групи и линијата на кровот се налик на оние на 370z.

Силата на малиот кросовер доаѓа од 1.6-литарски турбополнет бензински агрегат, а ќе биде во понуда со преден погон или со погон на сите четири тркала.

Nissan нагласи дека Extrem е иклучиво концептен автомобил без моментални планови за производство, но тој прикажува дизајнерски елементи кои ќе бидат искористени за нивните понатамошни модели.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.