Во Скопје отворена „Куќа на Маслото“! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Скопје отворена „Куќа на Маслото“!

Минатата недела во Скопје беше отворена првата „Куќа на Маслото“ на рафинеријата од Модрича, каде купувачите ќе можат да ги набават сите нивни продукти!

Во присуство на голем број гости и претставници на рафинеријата Modriča, „куќата на маслото“, која се наоѓа на булеварот Партизански одреди 109, наспроти новоотворениот Скопје Сити Мол, свечено беше отворена минатата недела.

Со намера тоа да биде централно место каде клиентите ќе можат да ги добијат сите информации за производите што ги нуди оваа позната рафинерија – од добро познатото минерално масло, кое доби нова модерна амбалажа, преку полусинтетичките и синтетичките масла, разладните течности, хидрауличните и механичките масла, па до маслата за градежни машини, трактори, мотоцикли, во „куќата на маслото“ која се простира на околу 60 квадратни метри, се застапени над 150 производи од вкупно 250-те од програмата на рафинеријата Modriča.

Како што истакна заменик директорот на рафинеријата Синиша Пепиќ, со овој четврти ваков простор во ланецот „Куќа на Маслото“ производите на Modriča на голема врата се враќаат на македонскиот пазар, за што ќе се креира и проширена продажна мрежа ширум целата земја.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.