ПРЕМИЕРА: Range Rover Electric стартува нова ера за супер-луксузниот теренец! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Range Rover Electric стартува нова ера за супер-луксузниот теренец!

Новиот Range Rover Electric е потивок, поагилен и со повеќе вртежен момент од било кој Range Rover досега – и ветува 550 коњски сили и автономија до 600 километри!

Срцето на новиот Range Rover Electric е огромна „двоспратна“ батерија со капацитет до 118.5 kWh и 800-волтна платформа која овозможува брзо полнење со максимални 350 kW, односно од 10 до 80% за само 22 минути. Истовремено, оваа батерија храни два моќни електромотори кои испорачуваат вкупно 550 коњски сили и 850 Nm вртежен момент.

Визуелно, надворешноста е скоро идентична со конвенционалнот Range Rover, но сепак има неколку елементи кои се ексклузивни за електричната изведба. Внимание е посветено на аеро-оптимизација на предната решетка, тркалата и подот на Range Rover Electric со цел да се подобри досегот, без разлика на условите на возење. Дополнително, од JLR кажуваат дека за време на тестирањето, електричниот Range Rover поминал километри кои по број се еквивалентни на возење 38 пати околу светот. Дополнително, повеќе од 250.000 часови се поминати во виртуелно тестирање.

И сето ова ветува врвна рафинираност на асфалтот, но и теренски способности кога ќе ги напуштиме патиштата. Системот за контрола на тракцијата реагира за околу 50 милисекунди без разлика на подлогата. Истовремено, може да се искачува по нагорнини со агол до 33 степени, да се симне по надолнини со агол до 45 степени и да помине низ вода длабока до 90 сантиметри.

Батериите и електромоторите ќе се произведуваат во Electric Propulsion Manufacturing Centre на JLR во Wolverhampton во Обединетото Кралство – на истата локација каде се произведуваат моторите со внатрешно согорување на британскиот бренд. Достапни ќе бидат неколку нивоа на опрема, како и верзија со стандардно или продолжено меѓуоскино растојание, а достапна е и специјална First Edition изведба која може да се добие во Belgravia Green, Santorini Black или Varesine Blue боја, како со и специјално-изработен ентериер.

Поврзано:  Range Rover GT: Најавен најреволуционерниот електричен модел во историјата на брендот

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.