Ова се новите луксузни SUV модели на Xiaomi – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова се новите луксузни SUV модели на Xiaomi

Возилата N70 и N90 на кинескиот гигант ќе припаѓаат на поебна серија наречена SkyNomad која изгледа сосем различно од досегашните модели на брендот.

Поголемиот N90 ќе доаѓа во две верзии – стандарден модел и посебно прилагодена верзија за кампување, додека N70 е позициониран како покомпактна, но во исто време исклучително моќна верзија со пет седишта. И двата модели исто така се и првите возила на компанијата што ќе користат range-extender технологија.

N90 е долг 5.285 мм, широк 1.998 мм и висок 1.82 мм и влегува во класата на големи SUV модели. Камперската верзија е нешто повисока (1.925 мм) поради покривот со вградена платформа за спиење. Од друга страна, N70 е долг 4.960 мм и нуди поидеални димензии за секојдневно возење.

Внатрешноста на возилото нуди исклучителна мултифункционалност. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени за да бидат свртени кон задното седиште, а меѓу нив може да се постави подвижна маса, претворајќи го ентериерот во пренослива конференциска сала. Дополнително, вториот и третиот ред седишта можат да се преклопат целосно рамно, отворајќи доволно простор за пространа површина за спиење.

Купувачите на N90 ќе можат да избираат меѓу конфигурации со пет или седум седишта, при што во вториот стандардно се вградуваат zero-gravity седишта. Моделот N70 за разлика од неговиот поголем брат доаѓа исклучиво со 5 седишта.

Кај двете возила за погон се користи 1.5-литарски турбо-мотор со 150 коњски сили кој служи исклучиво како генератор. Кај знаменосецот N90, овој генератор напојува систем со два електромотори со моќност од 134 и 282 коњски сили, и истиот е поддржан од батерија со капацитет од 76 kWh за електричен домет до 370 км (според WLTC).

Помалиот N70 нуди избор меѓу верзија со заден погон и еден мотор од 282 коњски сили со батерија од 52 kWh и N70 Max верзија со погон на сите тркала (416 коњски сили) и поголема батерија од 76 kWh која овозможува електричен домет до 380 км. Максималната брзина за сите верзии е ограничени на 190 км/час.

Поврзано:  Утринска гимнастика: Xiaomi YU7 GT го извозе Nürburgring.. без возач?

Возилата ќе се појават на кинескиот пазар до крајот на оваа година, додека за европскиот пазар се уште нема официјална најава.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!