Концептот е резултат на глобалната соработка меѓу тимовите за дизајн на Xiaomi и деновиве може да се види во живо на Mobile World Congress во Барселона.
Xiaomi е 36-от учесник на проектот Vision Gran Turismo на компанијата која стои позади познатата франшиза Gran Turismo – Polyphony Digital.
Дизајнот вклучува воздушни канали, необично обликувани стоп-светла, активен систем за контрола на воздушниот тек и специјални тркала.
Интериорот воведува посебна концепт идеја, каде инструментите, вратите и седишта се споени во еден елемент кој го опкружува возачот.
Оваа креација ја најавува експанзијата на Xiaomi во Европа закажана за следната година, со отварањето на новиот истражувачко-дизајнерски центар во Минхен.











