Volkswagen Golf е најпродаваниот автомобил во Мај 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Golf е најпродаваниот автомобил во Мај 2021 во Европа

Осмата генерација на популарниот компактен автомобил Volkswagen Golf повторно се врати на првата позиција по продажби на Стариот континент по еден месец пауза.

JATO ги објави резултатите за петиот месец од оваа година, кои доаѓаат со неколку промени на позициите. Започнувајќи од првата, со продадени 23,106 примероци Volkswagen Golf го напушти третото место од месец Април и се искачи на врвот на табелата.

Второпласираниот Renault Clio забележа уште поголем скок, откако се искачи од седмата на втората позиција, како последица на продадените 19,593 возила. На третото место, исто така со подобрување на пласманот се најде Fiat 500, со продадени 18,342 примероци, од кои 22% припаѓаат на целосно електричната верзија.

Volkswagen T-Roc се искачи за едно место на четвртата позиција со остварени 18,160 продажби, додека Toyota Yaris се најде едно место подоле на петтата позиција, откако се продаде во 17,373 примероци.

Најпопуларниот кросовер, кој беше второпласиран модел минатиот месец – Peugeot 2008 со неговите 16,369 продажби падна на шестата позиција. На седмата позиција го имаме победникот од минатиот месец – Peugeot 208, кој беше продаден во 15,891 примерок.

Во остатокот од табелата на најпродаваните 10 модели се најдоа и моделите Opel Corsa, Dacia Sandero и Skoda Octavia, со продадени редоследно 15,715, 15,040 и 14,767 возила.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.