full screen background image
Search

Славеничкиот Jeep Compass 80th Anniversary пристигна и во Македонија!

Легендарниот бренд Jeep ја прославува својата 80-годишнина, а дел од прославата се и специјални, славенички модели подготвени токму за јубилејот!

Jeep веќе најави дека ќе претстави неколку славенички модели кои се нудат токму во чест на 80-годишнината на брендот. Првиот кој пристигна е неодамна-освежениот Compass, и тоа токму во 80th Anniversary изведба со сите славенички детали.

Специјалнот Compass ќе го препознаете по 80th Anniversary ознаки со специјални кристални акценти, седиштата со специјални шевови и логоа, црни детали во кабината и специјалните големи тркала кои се резервирани само за славеничките модели.

Compass 80th Anniversary може да се добие со 1.3-литарски турбо-бензинец со 130 коњски сили, 1.6-литарски турбодизел со 120 коњски сили, или пак со одличниот 4xe плаг-ин хибриден погон со 190 коњски сили.

Инаку, исто како и другите изведби на освежениот Compass, и роденденската изведба добива нова, целосно-дигитализирана кабина. Возачот добива нови дигитални инструменти со неколку различни режими на работа, а на централната конзола доминира новиот Uconnect 5 мултимедијален уред. Секако, Compass ги добива и сите нови технологии кои американскиот бренд ги нуди, а доколку го одберете во плаг-ин хибридна конфигурација ќе добиете и напреден 4xe погон на сите четири тркала.

Специјалниот, славенички Compass веќе можете да го погледнете во салонот на Jeep во Скопје!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.