full screen background image
Search

Регулаторна: Дизелот поскапува еден денар, бензините по денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите – повторно повисоки – цени на горивата.

Малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.91%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.50 денари. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 71.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 73.00 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува еден денар и еден литар дизел ќе чини 63.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.