Електричниот Porsche Taycan Cross Turismo беше специјален гостин на Skopje Unplugged! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Porsche Taycan Cross Turismo беше специјален гостин на Skopje Unplugged!

На Skopje Unplugged еднодневниот музички настан посебно место зема електричниот Porsche Taycan Cross Turismo!

Taycan Cross Turismo го дефинираат спортски линии и несекојдневна, каравански-кросоверска форма како и заштитни панели околу целиот автомобил. Taycan Cross Turismo стандардно доаѓа со воздушна суспензија и погон на сите четири тркала, а новата форма овозможува повеќе простор во кабината – особено на задната клупа – како и повеќе багажен простор, кој нараснува до повеќе од 1200 литри.

Иновативниот Porsche 4D Chassis Control систем ги анализира и ги синхронизира сите системи во реално време. Тука ги вбројуваме адаптивната воздушна суспензија која автоматски ја прилагодува височината во зависност од теренот, а возачот може самиот да испрограмира локации каде Taycan Cross Turismo самиот ќе ја нагоди суспензијата на повисоко или пониско ниво – за полесно влегување во гаража, да речеме.

Новитет е Gravel режимот на возење кој овозможува совладување на лесни теренски предизвици. Во овој режим, суспензијата е повисока за 30 милиметри и сите системи се прилагодени за да овозможат максимална тракција и лесно возење.

Новиот модел на Porsche се нуди во четири изведби, сите со погон на сите четири тркала. Изведбите меѓу кои можете да одберете се 4, 4S, Turbo и Turbo S. Сите го користат истиот батериски модул, но Taycan 4S Cross Turismo испорачува 380 коњски сили, односно 476 за Launch Control. Кај 4S тие бројки растат на 490 и 571.

Скалило погоре е Taycan Turbo Cross Turismo кој има 625, односно 680 коњски сили при Launch Control и на самиот врв е Taycan Turbo S Cross Turismo кој нуди 625, односно 761 коњска сила и 1050 Nm вртежен момент при Launch Control. На „основниот“ Taycan 4 Cross Turismo му требаат 5.1 секунда да достигне 100 километри на час, на врвниот Taycan Turbo S Cross Turismo катапултирањето „до стотка“ трае само 2.9 секунди. Во зависност од изведбата, автономијата е меѓу 380 и 460 километри со едно полнење на батериите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.