Буба Клуб Македонија го одбележа World Beetle Day! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Буба Клуб Македонија го одбележа World Beetle Day!

Македонскиот клуб на вљубеници во легендерната Volkswagen Буба денес го одбележа светскиот ден посветен токму на овој автомобил.

Фановите на Volkswagen Буба, но и пријатели на клубот и фанови на олдтајмерите денес преку кратко дефиле и дружење го одбележа World Beetle Day. На овој ден, не само што се прославуваат наследството и историјата на еден од најпродаваните автомобили во историјата, туку истовремено се истакнува пријателството меѓу сите вљубеници во автомобилите и желбата за уште повеќе дружење и заедничко возење.

На прославата која се одржа во хотелот Mirror близу Скопје присуствуваа членовите на клубот, но и уште неколку возила кои придонесоа таа да биде побогата и попријатна. И покрај високите температури, расположението беше неизбежно.

На членовите на Буба Клуб Македонија им посакуваме уште многу вакви дружења и прослави, и се надеваме дека во иднина ќе бидат уште помногубројни!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.