full screen background image
Search

Пристигна освежените Jeep Compass и плаг-ин хибридниот Jeep Compass 4xe!

Jeep неодамна го претстави темелно-освежениот Compass, а од денес фејслифтираните изведби на Compass и плаг-ин хибридниот Compass 4xe се веќе достапни и во Македонија!

Освежениот Compass e првиот лансиран Jeep во Европа под капата на Stellantis и од неодамна се произведува во фабриката во Мелфи, Италија. Дополнително, во Европа Compass  во целокупната продажба на брендот учествува со 40% – и дури 25% од продадените примероци се плаг-ин хибридниот Compass 4xe!

Compass добива затегнат екстериер – со редизајнирани предни и задни браници, нови светлосни групи и грст интересни Jeep дизајнерски елементи. На предниот дел препознаваме Full-LED нови светла, за кои од Jeep кажуваат дека се екстремно моќни. Задниот дел добива редизајнирани светлосни групи со изменета и подлабока графика, а достапни се и нови бои, како и нови дизајни за алуминиумските тркала.

Кабината станува целосно wireless и целосно-дигитална. Пред возачот се поставени нови дигитални инструменти со неколку различни модови на работа, а на централната конзола е поставен целосно-новиот Uconnect 5 мултимедијален систем, кој е најнајпредниот инфозабавен уред некогаш поставен во Jeep. Дополнително, Compass добива и Highway Assist систем за автономно возење од второ ниво.

Интересен новитет е Jeep Compass Trailhawk, кој е специфично подготвен за теренски авантури – добива редизајниран преден браник за подобар агол на пристапување, ревидирани системи за теренско возење како и поагресивни теренски пневматици. Токму зелениот примерок на фотографиите е Trailhawk, и тоа со одличниот, плаг-ин хибриден 4xe погон. Всушност, Compass Trailhawk може да се добие само со плаг-ин хибридниот погон и интелигентниот eAWD погон на сите четири тркала.

Поврзано:   Целата 4xe Plug-in хибридна гама на Jeep пристигна во Македонија!

Плаг-ин хибридниот Compass може да се добие во две комбинации – со 190 или 240 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Овој Compass добива шест-брзински автоматски менувач и напреден плаг-ин хибриден погон кој вклучува батерија со капацитет од 11.4 kWh. Ние веќе го возевме плаг-ин хибридниот Compass и бевме навистина импресионирани од супер-модерниот SUV – нашиот тест можете да го прочитате тука.

Секако, Compass и понатаму ќе биде достапен со супер-модерни и супер-ефикасни погонски единици. Оние кои сакаат турбодизел ќе можат да го изберат 1.6-литарскиот Multijet II кој испорачува 120 коњски. Овој мотор ќе може да се нарача со шест-степен мануелен менувач и погон на предние тркала. Гамата на бензинци го вклучува 1.3-литарскиот GSE турбо-бензинец со 130 коњски сили и 270 Nm вртежен момент во комбинација со шест-степен мануелен менувач, или пак истиот мотор но со 150 коњски сили и 270 Nm вртежен момент во комбинација со автоматски менувач со двојна спојка. Турбо-бензинците се нудат само со погон на предните тркала.

Освежениот Compass веќе се нуди во специјална акциска понуда – цените започнуваат од 22.890 Евра. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.