Италијанскиот бренд ќе ја отфрли скапата платформа Giorgio по завршувањето на производството на Giulia и Stelvio – бидејќи платформата не може да се користи за електрични возила.
Новостите доаѓаат од новиот извршен директор на брендот Жан-Филипе Импарато, кој изјави дека идните модели на Alfa Romeo ќе ја користат новата STLA-large платформа од Stellantis – развиена да се користи како база за идните седани и SUV модели на Maserati.
Платформата Giorgio има архитектура подготвена за заден и погон на сите тркала, а беше оргинално дизајнирана и развиена да ѝ помогне на Alfa Romeo во реактивирањето во 2014. Тогашната Fiat-Chrysler групација планираше да ја користи во повеќе од 15 модели кај повеќето брендови како Maserati, Dodge, Chrysler и Jeep.
Сепак, бидејќи платформата се покажа како премногу скапа, единствените други модели кои ја користат или ќе ја користат покрај Alfa Romeo Giulia и Stelvio се новиот Jeep Grand Cherokee L и новиот Maserati Grecale, кој ќе биде претставен подоцна оваа година.
Импарато исто така го откажа лансирањето и го врати на доразвивање Alfa Romeo Tonale, новиот SUV на брендот кој ќе биде позициониран под Stelvio, бидејќи смета дека неговиот plug-in хибриден систем не е доболно добар. Новиот Tonale ќе ја користи истата платформа како Jeep Compass.
Новиот директор на Alfa Romeo исто така изјави дека сите идни модели на Alfa Romeo ќе бидат или електрифицирани или целосно-електрични возила, а и дека наскоро планираат да произведуваат нов модел во Полска, но не откри повеќе детали. Сепак, се шпекулира дека тоа ќе биде помал SUV модел, кој најверојатно ќе биде именуван Brennero, по планински превој во Северна Италија.
Fiat-Chrysler никогаш не објави колку пари се инвестирани во платформата Giorgio која беше дизајнирана да понуди водечки возачки перформанси против германските ривали – но беше принудена да инвестира дополнителни 800 милиони евра на платформата во 2019.