full screen background image
Search

Porsche работи на електричниот Macan!

Знаеме дека Porsche веќе работи на електричниот Macan, но германскиот производител ни овозможи да погледнеме малку „зад сцената“ и да видиме како се развива новиот електричен SUV.

„Тестирање на издржливост во реални услови и на јавни патишта сè уште е бесценето. Така сме сигурни дека структурата, стабилноста и доверливоста на хардверот, софтверот и сите функции ги исполнуваат нашите високи стандарди.“ – изјави Michael Steiner, член на управниот одбор на Porsche.

Но како всушност се одвива процесот на тестирање и развој? Прво се прават виртуелните тестови, кои според Porsche заштедуваат и време и пари бидејќи инженерите ги прават првите тестови на дигитални прототипови. Според Porsche, 20 различни дигитални прототипови се користат во различни развојни категории. Всушност, тоа значи дека секој од одделите во Porsche – како на пример одделот за аеродинамика, иули пак за акустика – си има свој прототип на кој работи. Податоците се соединуваат, за инженерите да бидат сигурно дека одлуките на еден оддел нема да влијаат негативно на перформансите на друг тим.

Дополнително, од Porsche напоменуваат дека особено за електричните возила, аеродинамиката е исклучително важна. Аеродинамиката на еден електричен автомобил може да направи огромна разлика, а предизвикот е во тајната да се овозможи доволно проток на воздух врз батериите (за да бидат во идеалната оперативна температура од 20 до 70 степени), без притоа да има негативен ефект врз отпорот на воздух.

Врз основа на дигиталните прототипови, потоа се изработуваат вистинските – оние кои се тестираат на јавни патишта. Овие прототипови се навистина скапи, па затоа многу внимание се посветува на тестирањео и вистинската размена на информации. Од Porsche додаваат дека „исто како Taycan, и електричниот Macan со неговата 800-волтна архитектура ќе нуди вистински Porsche е-перформанси.“ Амбициозно кажуваат дека електричниот Macan ќе биде најспортскиот модел во сегментот – и судејќи по она кое го искусивме со Taycan, немаме никаква причина да се сомневаме.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави новиот 911 GT3 Touring!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.