full screen background image
Search

Jeep прославува 80 години историја и иновации – и ги најавува идните модели!

Оваа година е посебна за Jeep – брендот ќе ја означи својата 80-годишнина и ќе прослави 80 години водство, слобода и авантури.

Приказната за Jeep започнва во 1941-вата година со Willys MB – првото 4х4 возило во сериско производство, и приказната растеше низ годините со нови продукти и репутација за теренски способности на кои малку други производители и модели можат воопшто да им се приближат. Континуираните иновации придонесоа Jeep да стигне до својата осма декада и да влезе во нова фаза од историјата – електрификација и лансирање на плаг-ин хибридни модели. Ние веќе го познаваме Compass 4xe, кој го возевме минатата година.

Европската прослава ќе се одвива во текот на целата оваа година и посебни настани ќе ги приближат купувачите и фановите на брендот до историјата и наследството, како и новите модели. Првиот таков настан се одржа денес каде новите специјални модели беа објавени – модели кои не само што оддаваат почит кон историјата на Jeep, туку и ја продолжуваат традицијата за претставување славенички модели кои ги означуваат специјалните успеси и годишнини на брендот.

Првиот 80th Anniversary модел кој дебитираше е токму компактниот Renegade, кој веќе може да се нарача кај дилерите на Jeep ширум Европа. Понатаму Jeep ќе понуди и 80th Anniversary модели од Compass, Wrangler и Gladiator. Сите модели ќе имаат специјални 80th Anniversary ознаки со специјални кристални акценти, седишта специјални шевови и логоа, црни детали во кабината и уникатни тркала кои ќе ги карактеризираат моделите.

Славеничките модели ќе можат да се добијат бензински или дизел мотори, или пак со 4xe плаг-ин хибридни погони, а ќе добијат и нови хај-тек мултимедијални уреди, дигитално радио и целосна интеграција со паметни уреди.

Поврзано:   Stellantis ќе инвестира 30 милијарди Евра во трансформација и електрификација!

Особено интересен ќе биде новиот 80th Anniversary Compass со кој всушност ќе дебитира новиот Compass на европскиот пазар. Од Jeep кажуваат дека новиот Compass добива освежен, хај-тек профил, но го задржува достоинствениот урбан, модерен и софистициран дух. Првата верзија која ќе пристигне е токму 80th Anniversary изведбата, а понатаму ќе бидат претставени и другите изведби. Специјалниот Compass ќе биде достапен оваа пролет.

Кај новиот Compass забележуваме не само освежен екстериер, туку и целосно нов ентериер. Од Jeep кажуваат дека ќе добие и грст нови технолошки пакети за подобрен комфор и уште попаметно урбано живеење кои не само што ќе го подобрат однесувањето на Compass на асфалт, туку дополнително ќе ги истакне и неговите 4х4 способности.

Прославата може да започне!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.