Peugeot го претстави електричниот e-Partner со опсег до 275 километри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го претстави електричниот e-Partner со опсег до 275 километри

Францускиот бренд додаде уште еден модел во својата гама на електрични товарни возила во Европа.

Новиот e-Partner е базиран на EMP2 модуларната платформа и користи електричен мотор со 134 кс и 260 Nm вртежен момент, кој ја црпи енергијата од литиум-јонска батерија од 50 киловат-часа.

Според Peugeot, лесното товарно возило може да забрза од 0-100 км/ч за 11.2 секунди и да постигне максимална брзина од 129 км/ч, додека нуди опсег на возење до 275 километри според WLTP циклусот.

Батеријата може целосно да се наполни за 5 часа на wallbox од 11 киловати или до 80 проценти на станица за полнење од од 100 киловати. Моделот е достапен со два различни on-board полначи – монофазен полнач од 7.4 киловати и опционален трифазен полнач од 11 киловати.

Возачите ќе можат да одберат помеѓу три различни режими на возење: Eco, Normal и Power. Во режимот Eco, моделот ослободува 82 кс и 190 Nm, додека Normal овозможува 109 кс и 210 Nm, а целосната сила и вртежен момент се достапни само во режимот Power.

Исто така и сопирањето може да се одвива во два различни режими – Модерате и Augmented, од кои вториот нуди максимално регенерирање на енергијата.

e-Partner ќе биде понуден со две различни меѓуоскини растојанија: стандардно со должина од 4.4 метри и продолжено со должина од 4.75 метри. Нуди максимален товарен капацитет од 4.4 кубни метри и има носивост до 800 килограми.

Ќе може да се добие во две нивоa на опрема: Professional и Asphalt, од кои првото ќе се нуди и во верзија со задна клупа на седење.

Во кабината се наоѓа специјално прилагодениот i-Cockpit со e-Toggle селекторот кој овозможува одбирање помеѓу возење нанапред, наназад, паркирање и неутрал, а исто така има и посебен прекинувач за режимите на возење.

Моделот доаѓа и со сателитска навигација со моментални информации за сообраќајот, термална пред-климатизација преку екранот на допир или специјалната апликација за смартфон, и подобрена безбедност за пешаци со звучен сигнал до брзини од 29 км/ч.

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

Peugeot e-Partner ќе пристигне во претставништвата во Европа на крајот од оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.