Аеродромот во Болоња добива нов Lamborghini Huracan Evo за насочување на авионите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Аеродромот во Болоња добива нов Lamborghini Huracan Evo за насочување на авионите

Седми пат по ред, Lamborghini ја обновува својата соработка со Guglielmo Marconi aеродромот во Болоња – и испорача многу интересен подарок.

Поклонот е нов автомобил за насочување на авионите – специјален Lamborghini Huracan Evo. Овој примерок на Huracan Evo ќе ги води авионите кои пристигнуваат и заминуваат од и кон нивното место за паркирање и истоварање.

Примерокот е прилагоден за својата дејност. Обоен е во специјална комбинација на бои и шари дизајнирани од Lamborghini Centro Stile. Комбинацијата се состои од каросерија во Verde Turbine Matt боја и констрастни портокалови детали.

На екстериерот е сместен и натпис кој во превод значи „следи ме во нашата прекрасна земја“, потенциран со Италијанското знаме. Како што доликува за возило на аеродром, овој Huracan Evo е исто така опремен со ротациони светла и радио поврзано со контролната кула.

Вработените кои ќе го користат суперавтомобилот за да „бркаат авиони“ слободно можат да се пофалат дека ја имаат професијата од соништата. Не веруваме дека постои автомобилски ентузијаст кој не би уживал секојдневно да ужува во перформансите на Huracan Evo и да добива плата за тоа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.