Volkswagen се подготвува да го претстави освежениот Touareg – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen се подготвува да го претстави освежениот Touareg

Volkswagen во моментов ги прави финалните тестирања на освежениот Touareg кој покрај визуелното освежување, ќе добие и технолошка надградба.

Еден од најважните новитети кои ќе ги добие освежениот Touareg се новите IQ.LIGHT HD матрикс предни светла кои имаат вкупно 38.400 микро-LED светлечки елементи. Предните светла имаат по 19.200 micro-LED елементи кои проектираат „интерактивен ќилим од светлина во лентата на луксузниот SUV“. Ова осветлување не само што го олеснува возењето во ноќни услови, туку истовремено не ги заслепува возачите кои возат во спротивната насока и го олеснуваат движењето низ тесни улици и тесни ленти.

Интересен новитет е и новата „генерација на шасија“ која ќе ја добие Touareg. Volkswagen континуирано работи на подобрување на технологиите во своите модели и Touareg ќе добие и сензор на кровот кој детектира доколку е поставен кровен куфер или има некаков товар на кровот. Доколку нема, агилноста е подобрена, но доколку сензорот забележи дека има товар на кровот го информира централниот компјутер кој пак го контролира ESC системот и се подобрува стабилноста на големиот луксузен SUV. Дополнително, инженерите на Volkswagen посветиле внимание на суспензијата и без разлика која варијанта ќе ја одберете, системот ќе овозможи поголема разлика меѓу комфорните и спортските режими.

Освежениот Touareg ќе биде првиот модел на Volkswagen во Европа кој ќе добие осветлена VW значка на задниот дел. Од Јануари годинава европската легислатива дозволува осветлени задни значки – нешто што до оваа година беше дозволено само во Кина и САД.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.