full screen background image
Search

Alfa Romeo ќе стави приоритет на квалитетот и задоволството на купувачите

Во интервју за Auto News, еден од челниците на Alfa Romeo во Северна Америка изјави дека италијанскиот бренд сака ја потврди својата позиција како глобален премиум бренд на Stellantis.

Alfa Romeo во САД ќе се трансформира во целосно-електричен бренд до 2027, но ќе се фокусира и на други, не помалку важни аспекти. Во интервју за Auto News, потпрестедателот на Alfa Romeo во Северна Америка одговорен за планирање и трансформација – Vincent Noirbent – изјави дека Alfa Romeo сака да ја потврди својата позиција како глобален премиум бренд на Stellantis и дека напорите веќе вродуваат со плод. Неодамна Alfa Romeo беше на самиот врв на истражувањето за задоволство на купувачите на JD Power.

„Ние имаме наши внатрешни процеси и соработуваме со целата мрежа и со фабриките, и точно знаеме каде одиме и каде сме насочени. Гледаме дека нашите индикатори за перформанси се подобруваат. Сега ја добиваме таа награда, и тоа е најголемата награда која можете да ја добиете како тим. Кога сте број 1, може да се оди во само една насока, па тоа значи дека стремежот да се биде подобар нема крај. Мораме да го повоториме успехот следната година и мораме да бидеме сигурни дека сме го усовршиле процесот.“ – изјави Noirbent.

Истовремено, Noirbent изјави дека иако на самиот почеток плановите беа Tonale (нашиот тест на новиот Tonale можете да го погледнете тука) да се продава со конвенционален мотор со внатрешно согорување, сепак одлуката е сменета. Noirbent верува дека има доволно побарувачка за Tonale и продажбата нема да игра на „картата“ на електрифицираниот погон, туку Tonale едноставно ќе се продава како „вистинска Alfa Romeo“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.