Електричниот Audi E-Tron GT пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Audi E-Tron GT пристигна во Македонија!

Во салонот на Audi во Скопје пристигна електричниот E-Tron GT со 476 коњски сили и моќни 640 Nm вртежен момент!

Електричниот Audi E-Tron GT ги „дели гените“ со моќниот Porsche Taycan 4S, пристапот е навистина поинаков. Супер-напредниот 800-волтен електричен погон користи нова батерија со капацитет од 93 kWh (односно достапни 85 kWh). Батериите се поставени во 396 ќелии во 33 модули а системот овозможува полнење со максимална моќност од 270 kW – ако имате пристап до таков полнач, секако. Според Audi, 100 километри автономија ќе можат да се добијат за само 5 минути полнење, а вкупната автономија е до 487 километри.

Секако, бидејќи се работи за Audi, тука е и неизбежниот погон на сите четири тркала. Audi e-Tron GT quattro има вкупна системска моќност од 476 коњски сили и 640 Nm. Launch Control системот ја зголемува моќноста на 530 коњски сили, а со тоа забрзувањето до 100 километри на час трае само 4.1 секунда. Максималната брзина е 245 километри на час.

Дизајнот е – во нашите очи – спектакуларен. Препознатливи се Audi деталите и дизјанерските елементи – но во еден радикален, спортски и футуристички спој кој навистина ни се допаѓа. Ниската кровна линија и привлечните светлосни елементи му даваат на e-Tron GT навистина динамичен став – во ера на големи, високи и гломазни SUV модели, ваквите автомобили се вистинско освежување.

Со цел да се обезбеди што е можно подобра ефикасност на погонот, многу внимание е посветено и на аеродинамиката – коефициентот на отпор е само 0.24. Со „наездата“ на разно-разни SUV модели, сме заборавиле што значи низок и широк автомобил.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го освежи e-tron GT, врвниот Performance има 925 коњски сили!

Уживајте во фотографиите!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.