CARclub Интервју: Vilmos Tokaji и Tim Schäfer од Continental – „Continental не препорачува купување или користење веќе користени пневматици!“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub Интервју: Vilmos Tokaji и Tim Schäfer од Continental – „Continental не препорачува купување или користење веќе користени пневматици!“

Имавме одлична можност да зборуваме со претставници на Continental и да добиеме одговори на неколку важни прашања – колку долго се сметаат новите гуми за нови, какви се предизвиците на индустријата со подемот на електричните возила и што да очекуваме во иднина.

Здраво, и Ви благодариме што одвоивте време да позборувате со нас! За почетокот, кажете ни нам, а и на нашите читатели кои сте, и што работите во Continental.

В: Моето име е Vilmos Tokaji. Се приклучив на Continental Tires пред 12 години. Во 2020 станав Директор за Продажба за новопоставениот Југоисточен Регион кој сега вклучува 11 земји.
T: А јас сум Tim Schäfer и започнав во Continental во 2015. Оваа година се приклучив на Continental Tires Southeast Europe како Одговорен за Продажба за Адриа Регионот.

Continental продолжува да се позицинионира како маркет лидер, како со летните, така и со зимските гуми и нуди Гуми со Ултра Високи Перформанси, туринг пневматици па сè до премиум зимски продукти. Сигурни сме дека планирате да продолжите, па што е следно?

Т: Нашите експерти за истражување и развој интензивно работат за перманентно да ги подобрат сите наши продукти како од аспект на безбедноста, така и од аспект на перформансите и одрживоста. Оваа есен ги лансиравме PremiumContact 7, со чиј развој поставивме нови стандарди за безбедно возење на возила со сите видови на погон. Особено од аспект на одржливоста, правиме огромни чекори за да имаме значително влијание на нашите продукти, нивното производство и целиот животен циклус и во иднина. Ќе има возбудливи вести од Continental на оваа тема во 2023.

Кои се плановите за проширување на Continental глобално, но и тука на Балканот?

В: Continental Tires гледа огромна можност за ширење како во Азија, така и во Северна Америка. Во сегментот на патнички возила и лесни товарни возила фокусот ќе биде кон растење на глобалниот пазар за електрични возила и гуми со ултра високи перформанси. Во бизнисот со пневматици за камиони и автобуси, Conti360 флотните услуги ќе бидат носечки низ сите региони. Истовремено, бизнисот на Continental за специјалистички продукти кој ги покрива возилата на две тркала и тркачките гуми е подготвен за дополнителен раста. Истото е валидно и за Балканот – Балканот е растечки пазар и ги прилагодуваме нашите глобални планови кон локални околини, но со истите амбициозни цели.

Поврзано:   Continental го покажа транспарентениот инфозабавен дисплеј направен од Swarovski кристали

Поврзано со минатото прашање, колку се важни локалните претставници на Continental во рамките на хиерархијата? Како ги користите искуството и репутацијата кои партнерите како Мотоцентар ги имаат, во рамките на вашата стратегија?

Т: Благодарам за ова прашање! Прво би сакал да нагласам дека навистина ги цениме искуството и репутацијата на Мотоцентар тука во Македонија. Нашата цел е да го извлечеме максимумот и да го искористиме ова преку блиска соработка и да го интегрираме во нашата локална стратегија за Македонија.

Како пристапувате кон локалните предрасуди и грижи? На пример, тука во Македонија луѓето понекогаш неправилно ја интерпретираат DOT датата на гумите. Колку време може еден пневматик да се складира пред да се продаде, а и понатаму да се смета за „нов“?

Т: Веруваме дека комункацијата е клучна кога станува збор за пристапување кон погрешните претпоставки и грижи. Заедно со партнерите (како Мотоцентар во Македонија) сакаме да одговориме на ваквите теми „за пазарот на пазарот“. Стареењето на гумите е хемиски и физички процес. Овој процес е многу спор ако новите (некористени) гуми се чуваат правилно. Гуми, складирани во правилни услови (на свежо и суво и надвор од директна сончева светлина) ќе ги задржат нивните оригинални карактеристики прилично долг временски период. Соодветно складирани гуми се продаваат како нови до 5 години по нивната дата на производство. Секако, Continental препорачува сите пневматици (вклучувајќи ги и резервните) кои се постари од 10 години да бидат заменети со нови. Истовремено, Continental не препорачува купување или користење на веќе користени пневматици.

Со сè поголемата продажба на електрични возила, го гледаме и растот на гумите наменети за електрични возила. Веќе го имате Conti.eContact во вашата понуда – дали ќе видиме проширување на оваа понуда, и како оваа промена во автомобилската индустрија влијае и ја оформува индустријата за гуми?

Поврзано:   Continental го покажа транспарентениот инфозабавен дисплеј направен од Swarovski кристали

В: Во 2012 ние бевме во водечката група на производители со нашите Conti.eContact, нашите први гуми за електрични возила. Како што гледате, ние започнавме да го трансформираме нашето производство и уште поригорозно да работиме кон намалување на емисиите на штетни гасови со цел да се исполнат целите на електричната мобилност што е можно поефективно. Овој фокус сега вродува со плод.

Кога станува збор за гуми, истата максима важи за високо-ефикасните електрични возила и возилата со конвенционални мотори и ултра-ниска емисија на штетни гасови – помала искористена енергија значи подобра одржливост, без разлика на погонот. Во автомобил со мотор со внатрешно согорување ова е истакнато преку помали емисии на штетни гасови, кај електрично возило со поголема автономија. Токму затоа скоро сите наши продукти се дизајнирани да им помогнат на возилата да бидат што е можно поефикасни.

Тежината на возилата константно се зголемува, без разлика на погонот. Тоа значи дека пропоционално се зголемува и оптоварувањето кое треба да го изржат нашите гуми. Електричните возила се особено тешки поради батериите, и ваквите возила мораат д аимаат гуми кои се специјално дизајнирани да издржат такво сценарио. Continental ги направи првите гуми со HL индекс во 2021 и напумпани на ист пристиок, овие гуми издржуваат поголем товар од гумите развиени за XL стандардот. На пример, гума во димензија HL 245/40 R19 101 Y XL може да издржи околу 10% повеќе товар од гума развиена по XL стандардот.

Во 2016, Continental беше водечки производител со новата ContiSilent технологија која значително ја намали бучавоста на пневматиците во движење. Специјален пенест слој ги намалува вибрациите и ја намали бучавоста во кабината за до 9 децибели – значаен фактор за електричните возила.

Поврзано:   Continental го покажа транспарентениот инфозабавен дисплеј направен од Swarovski кристали

Во Continental, развиваме гуми за видови на возила, не за видови на погон – бидејќи едноставно сме сигурни дека Renault Zoe „бара“ различни пневматици од на пример Porsche Taycan.

Конечно, минатата година ги претставивте Conti GreenConcept концептните пневматици кои ги носат одржливите и обновливи технологии во индустријата за гуми, но и ги носат поблиску до купувачите. Кога да очекуваме поинтензивно пазарно лансирање на овие иновативни продукти и технологии, како и концептите кои ги носат со нив?

В: Сакаме да бидеме најпрогресивната компанија кога станува збор за одговорноста кон околина и општеството. Како дел од оваа амбиција, достигнавме важна цел оваа година и сум лично многу задоволен дека направивме сериозен чекор кон подобрената одржливост: првите продукти изработени од рециклирани PET пластични шишиња влегуваат во сериско производство. Таканаречената ContiRe.Tex технологија беше претставена оваа година во специфични големини за PremiumContact 6, EcoContact 6 и AllSeasonContact. Tex означува текстил, а во овој случај тоа е висококвалитетно предиво од полиестер изработено од рециклиран Полиетилен Тетрeфталат (PET) кој инаку би завршил на горење, или во океаните или на некоја депонија. Предивото е изработено механички, без дополнителни хемиски чекори. Овој процес вклучува мануелно двоење на шишињата и капачињата, па механичко чистење и дробење, и понатаму процесирање во пластични гранули. Овие гранули се ткаат во полиестерно предиво кое се користи за производство на гуми.

Комплет стандардни патнички пневматици користи околу 4 рециклирани PET шишиња (од 9 до 15 шишиња по гума, во зависност од големината). Целиме производството, користењето и рециклирањето да биде што е можно по енергетски-ефикасно и да нема штета по околината, и со тоа Continental да биде чекор поблиску до пневматици кои се 100% од рециклирани или одржливи извори. Одлучни сме да користиме вакви материјали најдоца до 2050. Патот е долг, но веќе сме тргнати по него.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.