Continental го покажа транспарентениот инфозабавен дисплеј направен од Swarovski кристали – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Continental го покажа транспарентениот инфозабавен дисплеј направен од Swarovski кристали

Дисплејот со кристали користи самоосветлена microLED технологија за прикажување на информации на проѕирниот екран

„Сo приказот на центарниот кристал како клучна компонента, сакаме да го свртиме светот на дизајнот наопаку и да создадеме иновативна фокусна точка за премиум возила од иднината – дизајн што го привлекува вниманието и ги разбранува емоциите“, рече Борис Мергел, шеф на деловната област за корисничко искуство во Continental.

Екранот ја користи микро LED технологијата која беше прикажана за прв пат на Consumer Electronics Show (CES) 2024 во Лас Вегас. Самоосветлените пиксели овозможуваат екранот да биде транспарентен додека е посветол и да нуди подобар контраст од другите достапни технологии.

„Crystal Center Display е резултат на комбинација на производствени и процесни технологии кои заедно со Continental ги имплементиравме во иновативен нов дизајнерски елемент – импресивен визуелно како и технички“, рече Питер Видман кој е управен директор на Swarovski Mobility. „На овој начин, нашиот кристал станува многу повеќе од само елемент за внатрешен дизајн – корисниците го доживуваат како клучен интеракциски интерфејс во возилото“.

Компаниите велат дека технологијата ќе им понуди на производителите на автомобили привлечни и минималистички опции за прикажување, кои може да се користат за да се истакне внатрешноста на луксузниот автомобил.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!