Volkswagen го најавува освежениот Golf GTI и го покажа новиот ентериер на спортскиот хечбек – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува освежениот Golf GTI и го покажа новиот ентериер на спортскиот хечбек

Volkswagen го искористи CES шоуто да го најави освежениот Golf GTI, но и интеграција на ChatGPT AI компонента во идните генерации на моделите кои доаѓаат.

На фотографиите кои ги објави Volkswagen препознаваме детали од освежениот екстериер на Golf GTI – но освежениот автомобил сè уште е камуфлиран. Сепак, препознаваме редизајнирани браници и светлосни групи, како и уште неколку поситни детали – како на пример понагласен заден спојлер.

Она кое не е камуфлирано е ентериерот на новиот Golf GTI – и забележуваме дека Volkswagen прави две прилично важни надградби – едната е враќањето кон физичките копчиња на управувачот како одговор на критиките кои германскиот бренд ги доби за капацитативните контроли кај Golf 8, но и целосно-нов голем мултимедијален уред поставен на централната конзола кој наликува на уредот поставен кај ID.7 и уште неколку модели на VW.

Сега за сега нема информации околу потенцијалните погонски единици кои ќе се вградуваат кај освежениот Golf 8. Golf GTI најверојатно ќе го задржи 2-литарскио турбо-бензинец кој испорачува 245 коњски сили, а не очекуваме ниту преголеми измени кај погонските единици кај останатата гама на Golf.

Интересна е одлуката на Volkswagen да го интегрира ChatGPT системот за вештачка интелигенција во своите возила. VW најавува дека ќе биде првиот производител кој ќе го интегрира Chat GPT како стандардна функционалности кај многу модели веќе во втората четвртина од оваа година. Според најавеното, Chat GPT ќе се вградува во ID.7, ID.4, ID.5, ID.3, новиот Tiguan и новите Passat и Golf. Системот ќе му овозможи на IDA гласовниот асистент да го контролира инфозабавниот систем, но и климатизацијата, да одговара на прашања а во иднина и да нуди дополнителни информации.

Поврзано:  VW ID.3 Pro S добива поголема моќност и побрзо полнење


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.