Kia претстави концепти на електрични комбиња со заменлива повеќенаменска каросерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia претстави концепти на електрични комбиња со заменлива повеќенаменска каросерија

Концептите PV1, PV5 и PV7 имаат електромагнетни и механички спојки кои се користат при промената на каросериските модули.

Петте концепти на KIA се различни верзии на новата PV5 платформа, и истите се засноваат околу надворешното платформско решение на возилото (PBV). Идејата сè-во-едно е всушност кога основната платформа може лесно да се конфигурира по потреба за извршување на различни функции.

Почетокот ќе биде со концептот PV5, а понатаму линијата ќе вклучува и помал PV1 како и поголем PV7. Сите тие ќе користат интегрирани софтверски решенија со кои возилата ќе комуницираат како со другите возила, така и со возачите.

„PBV ќе иницира нова ера на беспрекорни секојдневни деловни и животни решенија“, рече Карим Хабиб, извршен потпретседател на Kia и шеф на глобалниот дизајн. „Се надеваме дека ќе го направиме животот на нашите клиенти полесен и подобар, нудејќи исклучителна флексибилност и прилагодување преку радикалната модуларизација“.

Сите пет PBV концепти се електрични, но од Kia не споделија детали во врска со моќноста или опсегот на возење. Производителот на автомобили планира во 2025 година да има нов производствен погон, во кој ќе произведува 150.000 возила на годишно ниво.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!