Porsche Taycan го надмина сопствениот рекорд на Nurburgring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Taycan го надмина сопствениот рекорд на Nurburgring!

Tesla? Каква Tesla? Porsche постави ново време за електрично возило на Nurburgring – тест-возачот Lars Kern зад управувачот на новиот Taycan постави време од 7:07.55 на Nordschleife – цели 26 секунди побрзо од времето кое го постави со Taycan во Август 2022, но и цели 18 секунди побрзо од најдоброто време на Tesla Model S Plaid.

Тест возачот на Porsche, Ларс Керн, се надмина себеси на Нирбургринг: возејќи го новиот Taycan, постигнувајќи време на круг од 7:07.55 минути на Нордшлајф. Овој официјален круг време е за неверојатни 26 секунди побрзо отколку што беше на неговото последно рекордно возење, во Taycan Turbo S Sport опремен со Performance пакет уште во август 2022 година.

„Дваесет и шест секунди е половина вечност во мотоспортот. Времето на кругот на Ларс од 7:07.55 минути на Nordschleife е сензационално, ставајќи го Taycan во иста лига со електричните хиперавтомобили“ – вели шефот на моделската линија, Kevin Giek, и додаде – „и импресивното во врска со тоа е тоа што во неколку кругови, Ларс забележа речиси исто време“.

Но Lars Kern не го победи само сопсвениот рекорд, туку го победи (и тоа за цели 18 секунди) времето кое го постави Tesla со Model S Plaid. Најдоброто време на американскиот електричен седан со преку 1000 коњски сили е 7:25.23. Но (како што би рекле на Топ Шоп рекламите) – тоа не е сè! Времето кое Taycan го постави на Nurburging е неверојатно блиску до времето кое го постави Rimac Nevera. Хрватскиот електричен хипер-автомобил со преку 1600 коњски сили и цена која се брои во милиони евра постави време од 7:05.298 – едвај две секунди побрзо од времето на Taycan.

А сето тоа значи дека Taycan припаѓа во навистина одбрано друштво. Porsche најавува дека ќе го објави видеото од подвигот на Kern и Taycan во Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.