ПРЕМИЕРА: Hyundai ја претстави новата Kona – ќе биде достапна со конвенционален, хибриден и електричен погон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai ја претстави новата Kona – ќе биде достапна со конвенционален, хибриден и електричен погон!

Hyundai нè изненади со целосно-новата Kona, кај која доминираат храбриот дизајн и премиум-аспирациите на корејскиот бренд!

Hyundai ја претстави новата Kona! Новиот кросовер на Hyundai ќе биде достапен со конвенционални мотори со внатрешно согорување, но и со моќен хибриден погон, а ќе биде понудена и целосно-електрична верзија. Kona добива храбар и наметлив нов дизајн, но во зависност од избраниот погон забележуваме интересни разлики. Сепак, кој модел и да го изберете, ќе добиете привлечен и футуристички преден дел со светлосен елемент кој Hyundai го нарекува Seamless Horizon Lamp.

Од Hyundai кажуваат дека токму електричната верзија била дизајнирана прва, а потоа се „додизајнирани“ конвенционалната и N Line изведбите. Електричната верзија добива пикселизирана верзија на Seamless Horizon Lamp светлото, како и засебни тркала и прикриени отвори за воздух со истата дизајнерска шема. Конвенционалната и хибридната Kona добиваат поробустен дизајн со пластични заштитни панели и поагресивен преден браник. Тука е и Kona N Line која добива засебни браници и странични прагови, како и 19-инчни тркала.

Кабината на новата Kona влече дизајнерски насоки директно од електричниот Ioniq 5 и забележуваме огромен 12.3-инчен инструмент панел, како и целосно-нов 12.3-инчен инфозабавен систем. Од Hyundai напоменуваат дека целта била во кабината да се ослободи што е можно повеќе простор, па затоа и менувачот е посавен на управувачкиот столб. Во кабината преовладува чувство на светлина и опуштеност – како што и прилега на еден современ и технолошки-напреден SUV.

Сега за сега немаме никакви информации околу погоните кои би се нуделе кај новата Kona, но очекуваме дел од нив да бидат преземени од тековниот модел, како и од други модели во рамките на Hyundai-Kia групацијата. Од Hyundai најавуваат дека наскоро ќе објават повеќе детали.

Поврзано:  ПРВО ВОЗЕЊЕ: Hyundai Santa Fe 1.6T Hybrid AWD Calligraphy - Нова димензија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.