Ексклузивна премиера на новиот електричен BMW i7 и славеничкиот BMW XM! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ексклузивна премиера на новиот електричен BMW i7 и славеничкиот BMW XM!

Вчеравечер на гала настан македонската јавности имаше ексклузивна можност одблиску да се запознае и да ги види новиот електричен i7, како и плаг-ин хибридниот SUV на М-дивизијатга – големиот XM!

Електричниот модел ја носи ознаката i7 xDrive 60, кој благодарение на големата батерија со капацитет од 101.7 kWh и моќните електромотори располага со вкупно 544 коњски сили и 740 Nm вртежен момент – доволно за големиот луксузен електричен седан да може да забрза до 100 километри на час за 4.7 секунди и да достигне максимални 240 километри на час, но и да помине до 625 километри со едно полнење на батериите (според WLTP мерењата). Секако, достапни се и конвенционални турбо-бензински и турбодизел мотори.

Новиот луксузен седан на BMW е поголем и покомфорен – новата Седумка е подолга за цели 126 милиметри. Дизајнот е агресивен, со големи отвори за воздух на предниот дел, како и „двоспратните“ предни светлосни елементи кои веќе ги видовме кај новиот X7. Профилот е чист и едноставен – дури и рачките од вратите се израмнети, додека на задниот дел доминираат тенките светла и агресивните црни аеро-елементи.

Кабината нуди врвен луксуз – тука е закривениот дигитален панел (кој веќе го познаваме од големиот iX), а системот сега има целосно 5G поврзување за патниците да можат да уживаат во дигитални содржини. Вистинската трансформација е на задната клупа – на патниците им е достапен огромен 31-инчен екран (со 4К резолуција) кој BMW го нарекува Theater Screen.

Втората премиера беше вистинско изненадување – македонската јавност имаше прилика одблизу да го погледне славеничкиот модел на М-дивизијата кој воедно е и првиот самостоен SUV на BMW M – новиот, плаг-ин хибриден XM.

Поврзано:  BMW го претстави концептот Skytop

Приказната започнува со 4.4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 490 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Со овој моќен V8 соработува батерија со капацитет од 29.5 kWh и електромотор кој е вграден во менувачката кутија, кој испорачува дополнителни 197 коњски сили и 280 Nm вртежен момент. Резултат на сето тоа?

Кон сите четири тркала се испорачуваат моќни 653 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Дизајнот на големиот SUV е несомнено експресивен, со нагласени детали и комплексни површини. Сè е хиперболизирано, супер-нагласено и потенцирано – ова не е ниту суптилен, ниту дискретен SUV – и да бидеме искрени, среќни сме што имавме можност одблиску да го погледнеме толку брзо по неговата светска премиера.

Уживајте во фотографиите!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.