full screen background image
Search

Македонско дефиле на плаг-ин хибридните и електрични модели на Peugeot и Opel

Денес имавме можност да присуствуваме на нешто навистина несекојдневно и интересно и одблиску да ги погледнеме електричните и плаг-ин хибридни модели на Peugeot и Opel, но и за прв пат да ги погледнеме новата Opel Astra и 508 Peugeot Sport Engineered!

Македонскиот импортер за возилата на Peugeot и Opel – Еуроимпекс – ни приреди навистина пријатно изненадување. Имавме можност одблиску да погледнеме дури 10 интересни електрични и плаг-ин хибридни возила токму од овие два брендови, но и да присуствуваме на кратка претпремиера на новата Opel Astra, како и на спортскиот Peugeot 508 PSE.

„Електричните погони целосно ќе ги потиснат моторите на внатрешно согорување и во блиска иднина ќе станат главен двигател на транспортните средства. Ние, Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа, веќе активно работиме во насока на имплементирање на промените и иднината секако ја дочекуваме подготвени. Работиме во насока на 100%-на експертиза и професионалност и се гордееме со нашата богата понуда на електрични и plug-in хибридни возила.“ – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс.

И навистина, немаме никаква причина да се сомневаме во електричните и електрифицирани модели. Ако пред неколку години електрифицираните модели беа реткост и нешто различно, можноста на исто место да погледнеме дури 10 електрични и електрифицирани возила самата по себе го наметнува заклучокот дека ваквите возила се тука, меѓу нас и се веќе дел од нашето секојдневие.

А портфолиото на Peugeot и Opel има навистина многу вакви возила. Денес одблиску погледнавме дури 10, и тоа Peugeot е-2008, Peugeot 308 Hybrid и Peugeot 3008 Hybrid,  моќниот Peugeot 508 PSE Hybrid како и Peugeot e-Rifter. Секако, тука беа и Opel Corsa-e, Opel Astra Hybrid, Opel Mokka-e, Opel Grandland PHEV и Opel Combo-e. Овој сèопфатен избор само покажува дека изборот е веќе широк и дека само треба да го изберете вашиот фаворит.

Поврзано:   Официјална македонска премиера на целосно-новата Opel Astra!

Посебно задоволство беше да се погледнат новата плаг-ин хибридна Opel Astra која комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец за вкупно 180 коњски сили, како и моќниот и долгоочекуван Peugeot 508 PSE кој исто така користи 1.6-литарски турбо-бензинец, но благодарение на моќниот хибриден погон располага со вкупно 360 коњски сили. Се надеваме дека наскоро ќе седнеме зад управувачите на овие автомобили и ќе ги пренесеме нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.