full screen background image
Search

Македонска премиера на Toyota Aygo X!

Пред само неколку моменти македонскиот импортер за возилата на Toyota го претстави новиот, урбан Aygo X!

Најновата, трета генерација на Aygo е модел кој е развиен независно и според Toyota на пазарот ќе нешто радикално – од дизајнот и ефикасниот погон, па сè до технологиите и безбедноста. Секако, согласно трендовите – новиот Aygo е кросовер – како што и името сугерира. Дизајнерските елементи го прават истовремено инстантно-препознатлив, но и самостоен и свој.

Новиот Aygo X (се изговара Aygo Cross) е поставен на скратена верзија на GA-B платформата на Toyota (истата одлична платформа која се користи за новите Yaris и Yaris Cross) – а сето тоа значи пристап до современи технологии кои не сме навикнати да ги очекуваме во овој сегмент. Aygo X се нуди само со еден мотор – 1-литарски три-цилиндерски атмсоферски бензинец кој испорачува 72 коњски сили и 93 Nm вртежен момент, а може да се комбинира со 5-степен мануелен или бесстепен CVT автоматски менувач.

Перформансите се очекувани за градски автомобил – 100 километри на час се достигнуваат за 15.6 секунди, додека максималната брзина е 158 километри на час. Вистинскиот репер за градските автомобили е ефикасноста – а од Toyota кажуваат дека Aygo X ќе троши само 4.7 литри бензин на 100 изминати километри.

Кабината е подеднакво храбра како и екстериерот – па забележуваме детали во храбри, контрастни бои и несекојдневни форми. На централната конзола е поставен 9-инчен мултимедијален екран, а кабината може да добие и безжично полнење за мобилен телефон како и амбиентално осветлување.

Интересно, Aygo X добива и други премиум технологии – LED предни светла, напреден темпомат, препознавање на пешаци, систем за следење на коловозната лента, итн. Зголемен е и багажникот – сега е со капацитет од 231 литар (значително повеќе од 168-те литри на минатата генерација), односно 829 литри со преклопени задни седишта.

Цените на нашиот пазар започнуваат од 13.490 Евра за Aygo X во основното Joy ниво на опрема, додека врвниот Aygo X со Envy ниво на опрема и CVT автоматски менувач чини 18.690 Евра. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Toyota, или пак салонот на Toyota Авто Центар.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Toyota GR Corolla - 300 коњски сили, мануелен менувач и GR-FOUR погон на сите четири тркала!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.