ПРЕМИЕРА: Ferrari SP48 Unica – Уште еден уникатен автомобил од Ferrari! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari SP48 Unica – Уште еден уникатен автомобил од Ferrari!

Со новиот уникатен SP48 Unica, Ferrari покажува како би изгледал автомобил дизајниран со процедурални техники на моделирање и напредно 3D-прототипирање.

Новиот SP48 Unica е дизајниран во рамките на Ferrari Styling Centre, кој е под водство на Flavio Manzoni. Агресивниот двосед е базиран на моќниот F8 Tributo, но дизајнот и неговите затегнати линии го издвојуваат од „основниот“ автомобил. Значаен аспект на дизајнот на овој уникатен нов автомобил е користењето процедурално-параметрички техники на моделирање и 3Д-прототипирање, кој пак им овозможи на Ferrari Styling Centre и инженерите на Ferrari целосно да ги редизајнираат предниот дел и предните отвори за воздух.

Дизајнот е дополнително заострен преку намалувањето на страничните прозорци и целосното елиминирање на задното стакло. Ова на SP48 му дава уште поагресивен изглед и го нагласува ефектот дека изгледа како да е извајан од едно единствено парче метал. Темелното преработување на екстериерот значи дека SP48 отпорот на воздухот е намален за дури 12% во однос на F8 Tributo – па тоа би требало да резултира со уште подобри перформанси.

Иако немаме информации околу перформансите, знаеме дека SP48 Unica го користи истиот твин-турбо V8 кој се користи и во F8 Tributo. Моќниот 3.9-литарски твин-турбо V8 испорачува 720 коњски сили при 8000 вртежи во минута и 770 Nm вртежен момент од 3250 вртежи во минута. Би очекувале и слични перформанси – односно околу 2.9 секунди до 100 километри на час и максимална брзина над 340 километри на час.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.