Tesla Model 3 е најпродаваниот модел во Декември 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model 3 е најпродаваниот модел во Декември 2021 во Европа

Според најновите извештаи на JATO Dynamics, Tesla Model 3 е најбараниот нов автомобил во Европа во последниот месец од минатата година.

Ова беше трет месец од 2021 година во кој електричниот седан води на Европската листа, но овојпат забележа рекордна побарувачка од 27,358 примероци со која значително ги натпродаде останатите модели. Ова се должи и благодарение на тоа што Tesla Model 3 беше најпопуларен автомобил на пазарите во Велика Британија, Ирска и Швајцарија.

На втората позиција се најде урбаниот Peugeot 208 со продадени 20,186 возила, пред неговиот главен конкурент Renault Clio со остварени 18,397 продажби.

На четвртото место заврши Dacia Sandero со регистрирани 18,020 возила, a како најпродаван кросовер се покажа Peugeot 2008 со продадени 16,330 примероци.

Вториот најпопуларен кросовер – Volkswagen T-Roc се најде на шестата позиција, откако забележа 14,449 регистрирани нови возила. На седмото место заврши уште еден кросовер – Dacia Duster со продадени 14,405 примероци.

На последните три места од табелата за најпродавани 10 возила во Европа за Ноември финишираа Mini Hatch со 13,541, Fiat/Abarth 500 со 13,230 и Renault Captur со 12,855 продадени автомобили.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.