full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW iX M60 е моќен електричен SUV со 619 коњски сили!

BMW ја претстави врвната изведба на електричниот SUV, која благодарение на 619 коњски сили и монструозни 1100 Nm вртежен момент забрзува до 100 километри на час за само 3.6 секунди!

Според BMW, новиот iX M60 го комбинира најдоброто од три различни светови – i, X и M. Рекалибрираниот погон (со специфични М електромотори) сега испорачува 540 коњски сили, односно дури 619 коњски сили и 1015 Nm вртежен момент. Активирајте Launch Control и погонот испорачува дополнителен вртежен момент за вкупно 1100 Nm – доволно да го лансира големиот електричен SUV до 100 километри на час за само 3.6 секунди!

Интересно, овие моќни перформанси не резултираат со значително намалена автономија. Според WLTP тестирањата, BMW iX M60 може да помине до 566 километри со полни батерии. BMW iX M60 стандардно добива напредна воздушна суспензија со прилагодливи амортизери и автоматско нивелирање, а активното управување и M Sport сопирачките гарантираат врвна динамика и перформанси.

Инаку, врвната изведба на iX не се разликува премногу од „обичниот“ iX – барем не визуелно. Забележуваме М60 значка на петтата врата, големи 22-инчни тркала и сини М шепи на сопирачките.

Ние веќе го возевме електричниот BMW iX минатата година, на неговата официјална презентација во Баварија – и верувајте, големиот електричен SAV (Sports Activity Vehicle) на BMW навистина има многу, многу да понуди. BMW iX веќе пристигна и во Македонија, и од неодамна може да се види и во салонот на BMW во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.