Новиот Peugeot 308 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot 308 пристигна во Македонија!

Најновата генерација на францускиот хечбек од денес може да се види во салонот на Peugeot во Скопје!

Новиот Peugeot 308 пристигна! Еден од најочекуваните нови модели пристигна и во Македонија – и тоа на самиот почеток на годината. Новиот 308 воведува многу новитети не само за Peugeot – туку и во сегментот. Воведува нов, експресивен и динамичен дизајн – како на екстериерот, така и во кабината. Воведува и нови технологии, како и нови погонски опции – новиот 308 ќе биде достапен со конвенционални турбо-бензински и турбодизел мотори, но и со две плаг-ин хибридни варијанти.

Во понудата се докажаниот 1.2 PureTech турбо-бензинец со 110 или 130 коњски сили, како и 1.5-литарскиот BlueHDI турбодизел со 130 коњски сили. Основниот бензинец може да се добие со мануелен менувач, додека помоќниот бензинец и турбодизелот се достапни со мануелен или EAT8 автоматски менувач.

Достапни се и две плаг-ин хибридни изведби – едната со 180, другата со 225 коњски сили. Овие изведби комбинираат 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 150 или 180 коњски сили со електромотор и батерија за да овозможат врвни перформанси, но и скоро 60 километри автономија на електрична енергија.

Ние веќе го возевме новиот 308 на интернационалната презентација во Кан. Таму имавме можност да пробаме неколку различни верзии, но и да ги повозиме и двете каросериски изведби. Наскоро ќе имаме можност да го возиме 308 и на „домашен терен“, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци.

За повеќе информации, посетете го салонот на Peugeot.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.