Службите на Грчкиот остров Халки ќе возат електрични возила на Citroën – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Службите на Грчкиот остров Халки ќе возат електрични возила на Citroën

Малиот симпатичен остров Халки доби флота од шест целосно-електрични модели на Citroën за потребите на службите, како дел од план на Грчката влада да го претвори островот во одржлив и еколошки.

Флотата опфаќа два примероци од Ami за полицијата и крајбрежната стража, два ë-C4 автомобили за општината, ë-Spacetourer минибус за транспорт и ë-Jumpy возило за товарење. Сите возила се понудени во форма на 48 месечен лизинг. По овој период, Citroën ќе ги откупи и ќе ги донира на општината во Халки.

 

Иако Ami е прилично бавен автомобил за потребите на една полиција поради неговата максимална брзина од 45 км/ч, тој е навистина практичен низ тесните улички во Халки, како најподвижно возило од флотата. Неговиот опсег од 70 км е повеќе од доволен за ограничената патна мрежа на островот.

Моделот ë-C4 за потребите на општината има значително подобри перформанси благодарение на електричниот мотор со 134 кс и батеријата од 50 киловат-часа, која овозможува опсег од 350 км. Истата батерија овозможува 230 км опсег кај ë-Spacetourer, кој ќе биде корисен за транспортирање на патници.

Citroën на жителите на островот и локалните бизниси исто така ќе им понуди и можност да добијат целосно електрични четирицикли, патнички автомобили и комерцијални возила со нулта емисија на издувни гасови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.