full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche ја претстави ексклузивната и елегантна Panamera Platinum Edition

Достапен за Panamera, Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid, Platinum Edition пакетот воведува козметички надградби и многу дополнителна опрема.

Panamera Platinum Edition е замислена да биде надградена верзија на германскиот спортски-луксузен седан, но на начин кој демонстрира вкус и стил, наместо вулгарност. Надворешноста добива детали во платинум-сатенска боја, црни декоративни елементи околу прозорцитре и црни завршетоци на издувниот систем.

Дополнително, Panamera Platinum Edition добива и специјални задни светлосни групи, како и 21-инчни Exclusive Design спортски тркала со сатенски финиш.

Во кабината акцентот е даден на луксузот – па ќе добиете супер-комфорни седишта со загревање и вентилација кои се нагодуваат во 14 насоки. Не е заборавено ниту на патниците на задните седишта – па задните седишта се со загревање, а дел од целиот пакет е и 4-зонски клима уред.

Низ целата кабина има детали од брусен алуминиум, како и Platinum Edition ознаки, но и знакот на Porsche е поставен на потпирачите за глава. Меѓу другото, ќе добиете и Bose премиум аудио уред, автоматско затворање на вратите, најновиот мултимедијален систем на Porsche и многу, многу повеќе.

Конечно, да заокружиме со технологиите – стандардно ќе добиете адаптивна воздушна суспензија, LED Matrix предни светла, како и цел грст системи на Porsche за подобрени динамичност и управливост на луксузниот спортски седан. Како што веќе напоменавме, Panamera Platinum Edition ќе може да се комбинира со 2.9-литарскиот твин-турбо V6 кој испорачува 330 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, или да се добие како Panamera 4 E-Hybrid. Оваа конфигурација го комбинира истиот 2.9-литарски твин-турбо V6 со батериски модул од 17.9 kWh и електромотор – за вкупна системска моќнот од 460 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

Поврзано:   Викендов се одржа Автоплус Street Show 2021


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.