full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата вечерва поевтинуваат по половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се намалат по половина денар.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на малопродажните цени на горивата, од вечерва на полноќ цените се намалуваат во просек за 1.03%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат по половина денар. Тоа значи дека еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 76.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 78.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67.50 денари.

Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.