full screen background image
Search

AC Schnitzer подготви тјунинг третман за новиот BMW M3

AC Schnitzer претстави цел пакет надградби за најновата генерација на BMW M3 Competition, кој содржи аеродинамични додатоци, компоненти за засилување и подобрувања на суспензијата.

Најпрво и најважно, тјунерот ја употребил својата експертиза над шест-цилиндарскиот агрегат и ја зголемил неговата сила од 510 кс и 650 Nm на 590 кс и 750 Nm вртежен момент. Целото ова подобрување на перформансите доаѓа со гаранција до четири години.

За да ја истакне зголемената сила, AC Schnitzer инсталирале спортски издувен систем со две карбонски издувни завршетоци на двете страни од задниот дел. Заедно тие носат подобрен проток на издувните гасови и поагресивен звук.

Новите компоненти за суспензијата се целосно прилагодливи коиловер амортизери, кои овозможуваат автомобилот да биде за 15-20 милиметри приближен кон подлогата на предната оска.

Инженерите на Германската тјунерска компанија биле внимателни да не создадат непотребно тврда суспензија, а нивното мото било „подобро брзо отколку тврдо“. Ова резултирало со супензија која има добра реакција при промена на тежиштето и благо подуправување на границите.

Предниот сплитер ја зголемува потисната сила за околу 40 килограми при брзини од 200 км/ч. Аеродинамичките додатоци продолжуваат и на страните од предниот браник со четири-делни крилца, а тука се украсни елементи на поклопецот на моторот.

Спојлерот на задниот дел на кровот додава дополнителни 20 килограми потисна сила, додека задниот дифузер и новиот карбонски спојлер на багажникот создаваат дополнителни 70 килограми потисна сила, кои ќе помагаат за уште повисока брзина во свиоците.

Автомобилот е поставен на екстра лесните AC3 ковани фелни, достапни во две комбинации на бои и големина од 20 инчи. Тие можат да бидат обвиени со пневматици во профил од 285/30 R20 на предната и 295/30 R20 на задната оска.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW го претстави монструозниот Concept XM SUV

За во кабината, AC Schnitzer дизајнирале нов волан, кој е обложен со црна Nappa кожа и црна Алкантара. Тјунерот нуди и поголеми лопатки за полесно мануелно менување на степени. Измените ги комплетираат и неколку алуминиумски детали, како педали, држач итн.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.