Tesla Model 3 доминираше во продажбата на електрични возила во Септември 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model 3 доминираше во продажбата на електрични возила во Септември 2021 во Европа

Продажбата на електрични и електрифицирани возила достигна 221,000 примероци или дури 23% од сите ново регистирани возила во Европа во Септември.

Чисто електричните автомобили беа заслужни за 63% од целосната бројка, а помеѓу водечките производители се најдоа Tesla, Volkswagen и Hyundai. Plug-in хибридните модели забележаа 81,900 продажби, а беа предводени од BMW, Mercedes и Volvo.

Популарниот Tesla Model 3 се издвои како голем победник, откако со 24,512 прдодадени возила бешe над три пати попродаван од вториот најпродаван електричен модел – неговата кросовер изведба Tesla Model Y, кој се продаде во 8,926 примероци.

На третото место заврши Volkswagen ID.3 со продадени 8,302 возила, пред Renault Zoe, кој упеа да освои 6,580 купувачи. Најпродаван електричен кросовер во Септември беше Skoda Enyaq по продадени 5,942 примероци.

Вториот најпродаван електричен кросовер Kia Niro се најде на шестата позиција со 5,516 продажби, а зад него финишираше урбаниот Fiat 500 со остварени 4,758 продадени возила.

Во продолжетокот на табелата за 10 најпродавани електрични возила се најдоа и Volkswagen ID.4 со 4,603, Peugeot 208 со 4,332 и Dacia Spring со продадени 4,166 примероци.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.